Шортс: Се чувствувам како Македонец

 

Јунакот во победата на македонската кошаркарска репрезентација на синоќешниот дуел со Данска, Ти-Џеј Шортс и се заблагодари на публиката во Гевгелија за големата поддршка.

Новиот натурализиран играч на „црвено-жолтите“ натпреварот го заврши со 33 поени, шест асистенции и пет освоени топки.

– Сакам да им честитам на Данците за отпорот кој го пружија. Им благодарам на сите во публиката кои ни дадоа дополнителен ветер, а ние им се оддолживме со играта. Се чувствувам како дома, како Македонец. Благодарен сум што сум тука, и благодарен сум на поддршката од сите, изјави Шортс.

Македонската репрезентација има максимални четири победи на исто толку средби во претквалификациите за Евробаскет 2025.

14.11.2022 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега