Им снемало бензин на пат кон болница - штипјанка се породи во автомобил

Во центарот на Штип вчера 25-годишната Јусмие Јашарова на свет го донесе своето четврто дете и тоа во автомобил.

Јашарова со сопругот тргнала кон штипската Клиничка болница, но им снемало бензин во автомобилот, па таткото отишол да побара помош, а во меѓувреме жената самата се породила, па кога итната медицинска помош по која тргнал таткото пристигнала на местото на настанот, не и останало ништо друго освен да ја пресече папочната врвца.

Според податоците на МИА, се работи за женско бебе тешко 2 килограми и 780 грама, долго 49 сантиметри кое е во стабилна состојба.

04.12.2013 - 14:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега