Муцунски дели таблети: Сите ученици во 4то одделение во Аеродром добиваат бесплатен уред

 

Денеска во основното училиште „Блаже Конески“ започна со реализација проектот за доделување на бесплатните таблети во чии рамки повеќе од 800 четвртодделенци од Општина Аеродром ќе добијат бесплатни таблети.

Градоначалникот Тимчо Муцунски коj присуствуваше на доделување на таблетите потенцираше дека станува збор за проект кој ќе го олесни и унапреди образовниот процес. 

„Станува збор за таблети од реномираниот производител „Амазон“ чија вкупна вредност изнесува над 5 милиони денари. Средствата за оваа намена се целосно обезбедени од буџетот на Општина Аеродром. Ставајќи ја во прв план важноста на дигитализацијата во образовниот процесот, а имајќи предвид дека учениците се уште немаат добиени учебници од Владата и Министерството за образование и наука, Општина Аеродром донесе одлука проектот да започне да се реализира веднаш и истиот да продолжи и во следните години. Денешниот настан, но и активностите кои ќе се реализираат во останатите училишта се уште еден доказ дека цврсто стоиме на своите заложби за обезбедување модерен и современ образовен процес во кој дигиталните алатки ќе бидат подостапни до учениците“, потенцираше Муцунски.

 

01.11.2022 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега