ВИДЕО: Без голови на Националната арена „Тоше Проески“ - директен црвен за Тодороски уште во 15 минута

 

Без поголеми возбудувања во првото полувреме. 0-0 е резултатот на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје на натпреварот против Бугарија.

Првото полувреме го одбележа директниот црвен картон за десниот бек на македонската репрезентација, Тодор Тодороски уште во 15 минута од мечот. Тој несмасно стартуваше со отворен ѓон, што беше доволно за главниот судија да му покаже директен црвен картон.

По ова селекторот Благоја Милевски мораше да го преструктурира составот. Од игра излезе напаѓачот Александар Трајковски, а влезе Стефан Ашковски за да ја покрие дупката во одбраната.

26.09.2022 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега