Што ќе облече сопругата на Пендаровски за погребот на кралицата Елизабета Втора?
Што ќе облече македонската прва дама на погребот на кралицата Елизабета Втора, беше првата дилема што ја зaинтересира јавноста, веднаш откако од кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, беше објавена веста дека тој заедно со сопругата ќе присуствуваат на погрбната церемонија, што е закажана за понеделник на 19 септември, во Лондон.
Весникот ВЕЧЕР, пренесува дека, Елизабета Ѓеоргиевска, за оваа пригода, првпат нема да биде облечена во креација на некој од познатите македонски дизајнери, туку дека стајлингот го подготвува нејзината лична кројачка. Како што откриваат извори блиски до првата дама, креацијата веќе се работи и тоа ќе биде овој пат едноставен црн фустан, а бидејќи протоколот налага и шапка, истата кројачка ќе ја стилизира и шапката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа