Бислимовски: Цената на дизелот кај нас не се формира според цената на берзата на сурова нафта

 

Цената на дизелот во малопродажба во Македонија не зависи од цената на суровата нафта на светските берзи вели директорот на РКЕ, Марко Бислимовски. Тој вели дека цената на суровата нафта на берзата во Лондон не се зема предвид бидејќи Македонија нема рафинерија. Како што рече тој, во последните денови има драстична разлика меѓу цената на дизелот и бензинот, но тоа се цените кои ги диктира „Медитеранската берза“.
„Имаме обврска како што ги преземаме цените, така да ги применуваме. Овие податоци од ПЛАЦ кои ги користиме имаме обврска како што ги преземаме така да ги применуваме. Доколку прекршиме било кој од податоците кои ги преземаме ќе бидеме принудени да плаќаме пенали“ – рече Бислимовски.
Тој објасни дека со истите податоци работат и во Хрватска и во Црна Гора и во Србија.


01.09.2022 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега