ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски нека тужи - не се плашиме од соочување со фактите
Откако Андреј Жерновски денеска поднесе извештај до Јавното обвинителство за кој вели дека е кривична пријава, ВМРО-ДПМНЕ реагира дека се работи за обичен извештај за СКопје 2014.
- Андреј Жерновски денес повторно прави измама. Документот кој го поднесува до Јавното обвинитетсвото не е никаква кривична пријава, туку извештај, направен од партиската комисија која тој ја создаде, полн со неточни податоци и паушални партиски ставови на СДСМ и ЛДП. Ова значи дека Жерновски има намера и понатака да продолжи да шпекулира со паушални бројки од 500 милиони, 200 милиони или 8 милиони околу проектот Скопје 2014. Како и во минатите неколку денови, така и денес Андреј Жерновски продолжува да не ја превзема личната одговорност и со денови се крие зад соопштенија, изјави, извештаи, јавно обвинителство и други институции. Ако беше сигуен во тоа што го говори досега лично како градоначалник ќе поднесеше кривични пријави и на крај ќе поентираше дека расчистил со ова, според него, прекршување на законите, велат од ВМРО.
ВМРО-ДПМНЕ инсистира Жерновски, како градоначалник на општина Центар, веднаш тој самиот да поднесе кривични пријави до надлежните институции и да не чека други да ја вршат неговата работа. Ние не се плашиме од соочување на фактите, затоа што сме убедени дека во сите постапки се почитувани правните нормативи од Законот за јавни набавки и од сите материјални закони, додаваат од партијата.
Претходно, Жерновски покажа документ за кој рече дека е договор за изградба на споменици и релјефи за „Воин“ и праша дали потписот во него е на авторката Валентина Стевановска.
- Ја прашувам дали овој потпис што стои во договорот е нејзин или не? Стевановска за воинот и воинот на коњ има добиено на име на авторски договор повеќе од 2.000.000 евра и за сето ова има потписи во општината. Еве и да се согласам со неа кога вели дека не ги зела парите, денеска нека каже кој во нејзино име ги зел два милиона евра, рече Жерновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа