„Ќе ја намалиме невработеноста" - СДСМ ја презентираше програмата во Дебарца
СДСМ синоќа одржа трибина во Дебарца на која пред жителите на оваа општина заменик-претседателката на партијата, Радмила шеќеринска, ги презентираше предлог мерките од програмата.
Таа посочи дека имаат изработено реални и издржани проекти што ќе придонесат за намалување на невработеноста и подобрување на животниот стандард. Притоа ги истакна мерките за поврат на 15 проценти од ДДВ, правичниот данок и новините на данокот на добивка, намалувањето на казните за 50 отсто и воведувањето на механизам на опомени пред изрекување казна.
Шекеринска ги презентираше мерките за државна социјална пензија, докуп на стаж и пензионирање врз основа на стаж, а во делот на земјоделството ги спомена субвенциите, зелена нафта, ослободувањето од персонален данок на земјоделците и бенефицирниот стаж.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа