Кичево завиено во црно - Ден на жалост по смртта на трите млади момчиња

 

Тага и болка во Кичево. Ден на жалост по трагедијата во која синоќа животот го загубија три млади момчиња, откако утрото околу 4 часот и 30 минути со автомобил марка Голф изгубиле контрола и се забиле куќа на улицата „Ужичка Република“. Во возилото имало пет лица, од кои три загинале на лице место, додека две се тешко повредени и итно пренесени во болница. Се работи за 15 годишниот Мурат А., Адмир В. (25) и Јетон Е. (25)  кои Кичево и цела Македонија ги завија во црно.

Општина Кичево ги одложи сите културни манифестации и спортски активности, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.

Локалната самоуправа апелира до сите институции да ја почитуваат одлуката

29.11.2013 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега