Нема град во Македонија каде температурата не е длабоко под нула - Кочан ладно утро
Иако има сонце, низ цела Македонија утрово е многу ладно и температурите се под нулата. Најстудено беше во Берово, каде што беа измерени -11 степени.
Минус осум степени се измерени утринава во Крива Паланка и Маврово. Попова Шапка и Битола -7 степени, -6 во Крушево, Скопје, Штип, Велес и Прилеп.
Го Гевгелија и Струмица беа измерени -2 степени.
Снег има само на Попова Шапка и тоа 31 см, додека во Маврово снежната покривка узнесува 13 см.
10.02.2025 - 08:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа