Ноќеска Македонија ќе мрзне - подгответе се за минус 10

Во петок по студеното и магловито утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, студено и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од -10°С до -2°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°С односно до 8°С, јавува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во текот на вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на магла.

Студено и магловито утро не очекува и во сабота. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во вечерните часови зголемување на облачноста со услови за локални врнежи од дожд, а на местата над 700 метри надморска височина со услови за врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од -8°С до 0°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 0°С до 7°С

28.11.2013 - 22:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега