МВР: СДСМ не ја поддржува кампањата „Скопје град без насилство“

Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше превентивната кампања „Скопје град без насилство“ во која ќе партиципираат голем број општествени чинители, а какошто велат, за жал опозициската СДСМ одлучи да не даде никаков придонес во обидот за намалување на инцидентите меѓу малолетниците. 

МВР повторно апелира Социјалдемократскиот сојуз да престане да ги злоупотребува малолетниците и инцидентите подгревајќи ја состојбата. Пожелно е барем еднаш СДСМ да се однесува конструктивно и да се приклучи кон превентивните активности наместо да стимулира натамошни инциденти и да се промовира во единствена партија која се обидува да извлече политички поени на штета на малолетни лица. Немањето проекти или идеи СДСМ упорно ги користи како оправдување за форсирање на политика на продлабочување на конфликтите.

- Целосна лага и измислица се тврдењата за наводното „непостапување на полицијата, неоткивање и несанкционирање“ на учесниците. Имено, најголемиот дел од инцидентите кои се случија годинава се целосно документирани. Идентификувани и пријавени се 207 лица, главно малолетници кои учествувале во насилни инциденти. Против 35 од нив се поднесени крвичини пријави поради сомнение дека сториле кривични дела „убиство во обид“, „тешка телесна повреда“ и „насилство“. Против останатите 172 лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка заради „физички напад“, „предизвикување, поттикнување и учество во тепачка“, „нарушување на јавен ред и мир во заеднички простори, во двор или училиште“ и „занемарена грижа на дете од страна на родител или старател“, стои во соопштението на МВР.

МВРапелира граѓаните да не ги сфаќаат сериозно ваквите настапи на опозицијата. Секој што бил инволвиран во некаков инцидент ќе биде идентификуван и изведен пред лицето на правдата, како што 207 лица веќе се соочија со органите на прогонот.

28.11.2013 - 16:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега