Груевски: Сите инвеститори добиваат ист третман

„Владата на Република Македонија нуди еднакви можности и услуги за секоја компанија која сака да инвестира во Македонија и да отвори нови работни места, без разлика од која држава е.“

Ова денеска го потенцираше македонскиот премиер Никола Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање во македонското Собрание.

Тој во одговор на прашањето на пратеникот Оливер Спасовски, рече дека Сахара Груп е една од компаниите кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија и дека добила ист третман како и останатите компании. Тој ги демантираше тврдењата на Спасовски дека земјиштето на Сахара Груп и е дадено за нула денари, додавајќи дека договорот потпишан со Сахара Груп е јавно објавен на интернет и дека постои банкарска гаранција за продажбата на земјиштето.

- Правиме се што е во наша можност да привлечеме инвеститори, како од Македонија така и од странство, се со цел отварање на нови работни места,  се однесуваме соодветно и коректно кон секој инвеститор и правиме се што е во наша моќ да ги задржиме истите, рече Груевски.

Груевски истакна дека инвеститорите се задовоолни од бизнисот што го започнале во Македонија и затоа градат и втори фабрики. Таков пример е автомобилскиот гигант Џонсон Мети, како и најголемиот руски фармацевски гигант Продис, кој за неполни три години откако ја отвори првата фабрика во Македонија, објави дека во април ќе отвори и втора фабрика. Ова, според Груевски е резултат на исполнетите ветувања кои ги добиле инвеститорите од институциите и државата.

Премиерот потсети дека Македонија е прогласена за 25-та земја со најдобра бизнис клима.

28.11.2013 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега