Струмица: Наместо во диво животно пукал во својот соселанец
Струмички ловец сакал да застрела диво животно, но по грешка го застрелал својот соселанец О.М.
Според полицијата, несреќата се случила вчера наутро околу 11:30 часот во месноста Балар во атарот на селото Сушево, кога 57 годишниот Ѓ.Т. наместо во диво животно, пукал во својот 34 годишен соселанец О.М.
О.М. бил пренесен во Здравствениот дом во Струмица, каде му била укажана лекарска помош. Тој е пуштен на домашно лекување.
Полицијата го расветлува случајот.
28.11.2013 - 12:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа