Меѓу загинатите момчиња има и малолетник - познат идентитетот на жртвите во сообраќајката во Кичево

 

15 годишниот Мурат А., Адмир В. (25) и Јетон Е. (25) се трите момчиња кои рано утринава загинаа во страотната сообраќајка во Кичево. Двете момчиња кои поминале со полесни повреди се Г.С. (27) и Р.С. (26).

Според најновите информации, до несреќата дошло кога автомобилот „Голф“ со кичевски регистрации движејќи се по улицата „Ужичка република“ од железничката станица кон локалниот пат за Крушино, преминал на левата коловозна лента, со предниот дел директно удрил во тротоарот и во бетонски електричен столб, се извртел и со задниот лев дел удрил во куќа.

Трите загинати момчиња починале на лице место.

Надлежните лица веќе извршиле увид на местото на несреќата, а во текот на денот ќе биде извршена обдукција врз телата на загинатите.

28.11.2013 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега