Со „Голф“ се забиле во куќа во Кичево - три млади лица загинаа во стравична сообраќајка

 

Три лица го загубија животот, а две се тешко повредени во страотната сообраќајка која рано утринава го потресе Кичево.

Несреќата се случила утрово во 4:30 часот, кога автомобил „Голф“ со кичевски регистарски таблички изгубил контрила и се забил во куќа на улицата „Ужичка Република“. Во возилото имало пет лица, од кои три загинале на лице место.

Двете тешко повредени лица се пренесени во кичевскиот Медицински центар, а едно од нив, поради сериозноста на повредите, завршило во охридската болница „Св. Еразмо“.

Сеуште не е познат идентитетот на повредените и починатите лица, но, неофицијално, се работи за помлади лица.

Полицијата врши увид на местото на стравичната несреќа.

 

28.11.2013 - 10:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега