Жичарницата и автобусите до Средно Водно од утре нема да бидат во функција
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека жичарницата и автобуските линии до Средно Водно од утре нема да бидат во функција.
Времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП „Национални шуми“ - Скопје, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, велат од ЈСП - Скопје.
Автобуските линии и жичарницата нема да бидат во функција додека не се донесе одлука за прекин на забраната.
23.06.2022 - 16:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа