АПСЕЊЕ: Познат скопски адвокат со месеци бил рекетиран
Познат 31 годишен адвокат од Скопје со канцеларија во центарот на градот со месеци биол жртва на рекет и уцена. Како што дознава Press24 од извори во истрагата, скопјанецот од албанско етничко потекло, А.С. во повеќе наврати се заканувал на адвокатот и по безбедноста на неговото семејство изнудувајќи од него поголеми суми на пари. Адвокатот преживувал вистинска тортура од јуни годинава, па во неколку наврати му го исплаќал рекетот. Во последниот случај кога А.С. повторно побарал пари, тој случајот го пријавил во полиција.
Полицијата веднаш го привела осомничениот и според информациите на Press24 се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа