Утре сончево ама многу ладно

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од два до седум степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до пет степени.

До сабота следува стабилно и суво време со негативни утрински температури кои на повеќе места ќе бидат под минус шест степени. 

27.11.2013 - 16:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега