Со метална шипка ја удирал по главата - тетовчанка преживеала хорор
Жена од тетовското село Бродец синоќа преживеала вистински хорор кога во нејзината куќа влегло засега непознато лице и ја удрило со метална шипка по главата. Според податоците од полицијата, се работи за 46-годишната Р.З. која додека била на својата тераса забележала насилник кој неколку пати ја удрил во пределот на главата со метална шипка, а потоа откако таа започнала да вика за помош, и се заканил дека ќе ја убие доколку не престане да вика.
За среќа, жената која веднаш била пренесена во болница во Тетово сега е надвор од животна опасност.
Полицијата трага по сторителот кој ќе одговара за хоророт кој го направил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа