МВР: СДСМ да не ги злоупотребува малолетниците и инцидентите во автобусите

Министерството за внатрешни работи повторно апелира Социјалдемократскиот сојуз да престане да ги злоупотребува малолетниците и инцидентитево автобусите, со што уште повеќе ја разгорува состојбата.

- Пожелно е барем еднаш СДСМ да се однесува конструктивно и да се приклучи кон превентивните активности наместо да стимулира натамошни инциденти и да се промовира во единствена партија која се обидува да извлече политички поени на штета на малолетни лица. Немањето проекти или идеи СДСМ упорно ги користи како оправдување за форсирање на политика на продлабочување на конфликтите, стои во реакцијата од МВР.

МВР додава дека лага се тврдењата за наводно „непостапување на полицијата, неоткивање и несанкционирање“ на учесниците. - Идентификувани и пријавени се 207 лица, главно малолетници кои учествувале во насилни инциденти. Против 35 од нив се поднесени крвичини пријави поради сомнение дека сториле кривични дела „убиство во обид“, „тешка телесна повреда“ и „насилство“. Против останатите 172 лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка заради „физички напад“, „предизвикување, поттикнување и учество во тепачка“, „нарушување на јавен ред и мир во заеднички простори, во двор или училиште“ и „занемарена грижа на дете од страна на родител или старател“, се појаснува во реакцијата од МВР.

 

26.11.2013 - 16:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа