Лап-топи и таблети од Азербејџан за македонската Царина

Царинската управа на Република Македонија доби донација од Државниот црински комитет на Азербејџан која се состои од шест лаптопи и 80 таблети.

Директорот на Царинска управа Ванчо Каргов изрази благодарност за доделената опрема и надеж за натамошна  соработката меѓу двете земји.

Директорот на азербејџанската царина заблагодарувајќи се за досегашната успешна соработка и блиските односи изрази подготвеност за обезбедување  помош и соработка со Царинската управа на Македонија

 

26.11.2013 - 15:35
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа