Триесет милиони евра од ЕК за за реформите и за меѓугранична соработка на Македонија

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, и директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија Александра Кас Грање, потпишаа спогодба за финансирање меѓу Владата на Република Македонија и Европската Комисија во висина од околу 30 милиони евра.

- Со оваа финансиска програма ќе бидат поддржани активностите и реформите во секторите јавна администрација, правда, внатрешни работи и основни права, развој на приватен сектор, земјоделство и рурален развој и животна средина и климатски промени. Со ова РМ во соработка со ЕУ ќе добие дополнителна поддршка во спроведување на реформите за членство во ЕУ, изјави Бесими.

Директорката на директоратот за проширување на ЕК Кас Грање истакна дека земјата се придвижува во реформите на патот кон ЕУ: - Сите овие препораки се засноваат на напорната работа, но исто така ве очекува напорна работа во многу подрачја. Секако не сме на крајот на патот, изјави таа.

Појасни дека дел од средствата предвидени со Националната програма на ИПА се однесуваат на напорите на земјата за зачленување во ЕУ за усогласување на законодавството и практиките, а дел на политиките на земјата. Дел од средствата, како што посочи, се однесуваат на реформите во јавната администрација и тоа во износ од 7, 24 милиони евра, за подобрување на секторот правда, внатрешни работи и основни права предвидени се 11, 46 милиони евра, ќе се подобруваат објектите за царинење на граничните премини со Србија и со Албанија, речиси десет милиони евра се предвидени за развој на приватниот сектор...

 

26.11.2013 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега