Делегација од Вишеградската група во посета на Македонија
Политички директори од Вишеградската група денеска доаѓаат во посета на земјава. Делегацијата е составена од амбасадорите Шаболц Такацс од Унгарија, Павел Фишер од Чешка, Јарослав Браткиевич од Полска и Лубомир Рехак од Словачка.
Директорите во Собранието ќе се сретнат со координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Силвана Бонева, Игор Ивановски, Неџати Јакупи и Имер Алиу.
26.11.2013 - 10:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа