Снег на Ѓавато и Пресека

Слаби снежни врнежи утрово се забележуваат кај планинските превои Ѓавато и Пресека. И покрај врнежите од снег, сообраќајот на тие патни правци се одвива без никакви проблеми. 

Автомото сојузот на Македонија информира дека поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот на осојните места. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес, поради што треба да бидете особено внимателни.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

За потсетување, од 15 месецов па до 15 март идната година важи обврската за поседување зимска опрема во возилата, а доколку ве фатат без соодветната опрема, тогаш следуваат казни.

26.11.2013 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега