Премиерот Груевски на Самитот на шефови на влади на Кина

Претседателот на Владата, Никола Груевски, кој е во неколкудневна посета на Романија, денеска ќе биде дел од Самитот на шефови на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа, каде Кина ќе ги претстави новите планови за нејзиното натамошно делување во регионот на Централна и Источна Европа. Најавено е присуство на шефови на влади и високи политички претставници на 17 држави кои ќе се обединат околу акциониот план за соработка кој ги содржи главните насоки за развој на односите и соработката на Источна и Централна Европа со Кина.

Предвидено е македонскиот премиер да оствари повеќе средби меѓу кои со неговиот кинески колега Ли Кекјианг, со претседателите на владите на Естонија и Полска, Андру Ансип и Доналд Туск, како и со претседателот на Домот на пратеници во Романија, Валериј Згона. 

Македонија е првата држава која веќе потпиша конкретен договор за искористување на дел од овие средства кои ќе бидат наменети за изградба на двете нови автопатски делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, вредни 580 милиони евра.

26.11.2013 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа