Денеска малку дожд малку снег

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег особено во западните и северните делови од земјава. Долж Повардарието и во југозападниот дел врнежите ќе бидат мешани, а само во крајниот југоисточен дел ќе се здржат од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат во попладневните и вечерните часови кога на повисоките места ќе се формира и снежна покривка.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три, а дневната од еден до шест степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи особено попладне. Врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег, а кон крајот на денот само од снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до четири степени.

26.11.2013 - 09:02
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега