Мажи одете во Сити Мол на бесплатен преглед - Македонија го одбележува „Моември“

Македонија преку Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните „Превентус“ и оваа година се вклучи во одбележувањето на Интернационалниот месец „Моември“ со општествената кампања за машкото здравје.

Во рамки на одбележувањето на „Моември“, денеска во Сити мол ќе бидат организирани бесплатни прегледи на здравјето на косата на мажите од страна на стручни доктори, трихолози.

Акцијата „Моември“ е иницирана во Австралија во 2003 година со цел да се сврти вниманието кон еден од најчестите здравствени проблеми кај мажите - ракот на простата. Акцијата многу брзо стана глобална, а се состои во тоа мажите во ноември да пуштаат мустаќи. Минатата година во „Моември“ се вклучиле над милион мажи низ светот, а биле собрани над 70 милиони долари за истражување и лекување на ракот на простата. Името на акција доаѓа од австралискиот сленг за мустаќи „Мо“.

24.11.2013 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега