Трајанов се премисли - го повлече законот за заштита на сведоци

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов го повлече предлот законот за заштита на сведоци од собраниска процедура, пренесува Плусинфо.

Трајанов предложи затворските казни за новинарите кои ќе откријат идентите на заштитен сведок да бидат намалени, односно минималната затворска казна место 4 години да изнесува три месеци. 

Според пратеничките групи од Собранието Трајанов го повлекол предлог законот поради сензитивноста на материјата, со која се регулира законот за заштита на сведоци. Трајанов смета дека се потребни и дополнителни консултации со пратеничките групи и пратеници, кои предложија законот да се донесе по редовна наместо по скратена постапка.

- Денеска во Собранието на пресконференција ќе ја образложам мојата одлука. Законот го повлеков бидејќи некои пратенички групи, бараа законот да не се носи по скратена постапка, бидејќи е потребна поголема јавна, но и собраниска расправа за овој предлог закон. Значи, законот наместо по скратена постапка, ќе се носи по редовна постапка, вели Трајанов за Плусинфо.

Овој предлог беше прифатлив за СДСМ. Од ДУИ засега немаат конкретен став, додека ДПА се уште се нема произјаснето за истиот. Од ВМРО ДПМНЕ соопштија дека предлогот ќе биде разгледан.

Претседателот на ДС предложи казните да останат исти како и досега за лицата кои се занимаваат со професии од судството, како судија, јавен обвините, потоа за лицата кои се припадници на полицијата и сите оние кои по службена должност доаѓаат до информации за заштитниот сведок, како и оние кои имаат обврска да го заштитуваат истиот.  

Овој предлог на Трајанов дојде откако стасаа критики од меѓународната јавност во врска со изрекувањето затворска казна од 4,5 години за новинарот Томислав Кежаровски, кој според обвинителството открил идентитет на заштитен сведок во негов текст објавен пред пет години.

21.11.2013 - 11:37
Фото: 
нова тв

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега