Македонија ќе добие нова лабораторија која ќе испитува пестициди

Биотехничкиот факултет во Битола наскоро ќе добие нова лабораторија за етерични масла од зачински и лековити растенија и биолошки активни материи, пренесува Канал 5. Во тек е нејзина акредитација, а со неа се очекува да се испита и подигне квалитетот на земјоделските производи од прехрамбената индустрија. Во лабораторијата ќе има можност да се испитува и присуството на пестициди. 

-Сега е актуелен проблемот со пестицидите откако имавме случај со извоз на краставици корнишони со зголемено количество на пестициди. Во оваа лабораторија токму тоа ќе може да се испитува. Тука е добар предизвик и за државата да го регулира тоа со законско решение за да немаме лоши реперкусии врз целиот извоз како Република Македонија, бидејќи многу е важно каков авторитет ќе се стекне токму од оние кои извезуваат, вели проф.др.Живко Јанкуловски, раководител на лабораторијата, пренесува Канал 5.

Владата одвои 350.000 евра за опрема на лабораторијата која ќе нуди услуги во целиот регион вклучувајќи ги и пограничните области на соседните земји. Сите кои ќе сакаат да вршат испитувања на квалитетот на различните производи ќе имаат можност тоа да го направат во оваа лабораторија. Ваквите испитувања во Македонија досега се вршеа само на Ветеринарниот факултет во Скопје.

21.11.2013 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега