Инспектори го стресоа САСА по загинувањето на рударот - еве што начекаа таму

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов  вчера присуствуваше на вонредниот инспекциски надзор кој Државниот  инспекторат за труд и државниот технички инспекторат го извршија во Рудникот Саса и правниот субјект Руен за утврдување на фактичката состојба во исполнување на законските обврски и услови од областа на безбедност и здравје при работа и работни односи.

Во текот на надзорот, министерот Спасов имаше директно можност да се запознае со условите на работа на работниците. Тој нагласи дека во никој случај нема да се толерира непочитувањето на законите, и потенцираше дека работодавачите мора континурано да преземаат мерки за поголема заштита на работниците.

Од Министерството и Инспекторатот за труд најавуваат вонредни инспекциски контроли и во следниот период, а како што велат, ќе бидат превземени сите мерки во насока на заштита на здравјето, безбедноста и правата на работниците. Од Министерството и Инспекторатот најавуваат санкции за секое утврдено незаконско постапување. 

При инспекцискиот надзор беа констатирани следните неправилности:

Од областа на безбедност и здравје при работа: поднесени се кривична пријава и вкупно 5 прекршочни пријави.

Поднесена е 1 кривична пријава за непроменета проценка на ризик за работно место, за кое е настаната тешка повреда при работа со фатални последици – смрт. 
За сите прекршоци на правниот субјект им е понудена постапка за порамнување, кој во рок од 3 дена треба да се изјаснат дали ја прифаќа истата.

Поднесени се 4 барања за поведување на прекршочна постапка од 3та категорија и тоа за :

- Не изготвил и не спровел изјава за безбедност во писмена форма,
- Не извршил здравствени прегледи на вработените,
- Не извршил и не испитал опрема за работа за безбедно работење, 
- Не обезбедил обучени лица за давање на прва помош во случај на повреда при работа

Прекршокот од 3та категорија изнесува од 5000 до 8000 евра во денарска противвредност за правното лице и од 500 до 1000 евра за одговорното лице во правниот субјект.

Поднесено е 1 барање за  поведување на прекршочна постапка од 2ра категорија за неангажирана овластена здравствена установа за вршење на струни работи за здравје при работа.

Прекршокот од 2ра категорија изнесува од 2000 евра во денарска противвредност за правното лице и 500 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правниот субјект.

При надзорот константирани се неправилности од областа на работните односи, притоа:

Донесен е 1 платен налог за постапка за порамнување (чл. 266в од ЗРО ) за сторен прекршок од Законот за работни односи чл. 148 став 3, односно не пријавување на работа на државен празник, а казниво по член 265 став 1 точка 14 и став 2 од истиот закон. 
Висината на глобата за сторениот прекршок е 1000 евра во денарска противвредност за правното лице и 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правниот субјект.

Донесени се 2 решенија за утврдени недостатоци и тоа :

А) Донесено е 1 решение по член 258 за отклонување на констатирани недостатоци :

- Недостаток по чл. 28, став 1 точка 8, немаат точно определено работно време во договорите за вработување,
- недостаток по чл. 127, немаат определено ноќна работа,

Б) Донесено е 1 решение согласно Законот за вознемирување на работно место член 12 став 3, односно немаат одредено листа на посредници во случај на вознемирување на работно место.

Во склоп на рудникот Саса извршен е инспекциски надзор во фирмата Руен и констатирани се следните неправилности :

- нема извршено здравствени прегледи на сите вработени за што е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од 2ра категорија. 
Прекршок од 2ра категорија изнесува во висина од 2000 евра во денарска противвредност за правното лице и 500 евра за одговорното лице во правниот субјект

21.11.2013 - 08:51
Фото: 
Денешен.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега