Во Вевчанската река запливаа нови 1000 пастрмки

Околу 1000  парчиња автохтона речна пастрмка денеска беше порибена во Вевчанската Река. Порибувањето, исто како и производството на подмладокот риба беше под надзор на охридското одделение за рибарство и аквакултура.

 Збогатувањето на рибниот фонд во реката позитивно ќе се одрази и врз туристичкиот развој на општината, истакна градоначалникот на Вевчани.

- Ова не се случило четири години и затоа е многу значајно за развојот на Вевчани и на вевчанскиот туризам. Апелирам до локалните жители, но и до жителите на Октиси и Велешта да ја негуваат и чуваат рибата, да нема рибокрадци претежно во летниот период кога водата е мала, затоа што ќе имаме чуварска служба а и казните ќе бидат големи, истакна Угриноски.

Државниот инспектор за рибарство и аквакултура Јован Бојчовски од охридското одделение за рибарство и аквакултура при Државниот инспекторат за сточарство, подвелече дека подмладокот автохтона пастрмка е стара една година и е во одлична здравствена состојба.

- Ова порибување е само дел од годишниот план што го има предвидено концесионерот, спортско- риболовното друштво „Пастрмка“, рече Бојчовски.

Претседателот на риболовно друштво „Пастрмка“ од Струга Емил Матоски најави дека наскоро ќе се порибува и реката Црн Дрим.

- Во наредниот период е планирано порибување и на реката Црн Дрим исто така со охридска пастрмка, истакна Матоски. Подмладокот пастрмка изминатиот период беше одгледуван во струшкото мрестилиште 

20.11.2013 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега