Јанев: Наместо со закани Заев да гради земјоделски политики со стратегии
Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители на Македонија денеска на прес-конференција реагираше на заканите и нападите на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
- Нападите и заканите од господинот Зоран Заев упатени кон претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Никола Стаменов претставуваат недостиг на демократски капацитет и криза на демократска мисла, истакна Ставре Јанев, претседател на Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители и додаде дека му препорачуваат на Заев, да гради политики не со закани, туку со стратегии кои ќе го зачуваат имиџот на македонското земјоделско производство.
Тој зборуваше и за приносите кај оризот од годинашната реколта, каде што има потфрлување. - Затоа е побарано од Владата и ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство да направат измена во мерката поддршка во делот за оризопроизводството и доделување средства во износ од 25.000 денари по хектар површина, за да се ублажи недостигот од финансиски средства кај земјоделеците кои произведуваат ориз, рече Јанев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа