„Ако не сакаш мажот да те изневерува, дотерај се малку сестро“ – Вирална исповед на српски игумен Арсениј
Исповед на игуменот на манастирот Свети Петар и Павле кај Мионица, Арсениј Јовановиќ, стана вирална, по својата несекојдневност и невообичаеност.
Имено, пораката од игуменот Арсениј е следнава: „Супер сме, се дотеруваме додека се забавуваме, а после тоа - здраво. Веќе не обрнува внимание на себе, таа е дебела, разбушавена, тој го пуштил стомакот, му смрдат нозете, подригнува - до многу полошо“, предупреди игуменот во смисла дека страста во бракот лесно може да стивне.
Многу сопруги се жалат дека мажите ги изневеруваат „Тогаш велам – дотерај се малку, сестро, биди му привлечна“, рекол игуменот, по што тој и сите присутни се насмеале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа