Десетина штипјани во болница - јаделе расипани велигденски јајца

Околу десетина штипјани побарале лекарска помош во Медицинскиот центар во Штип бидејќи не ги почитувале препораките на лекарите да не се претерува со јадењето на велигденски јајца и да не се јадат по три дена, па се прејале со расипани велигденски јајца.

Од болницата во Штип велат дека пациентите кои дошле во полоша здравствена состојба се задржани во болница.

Оние пациенти пак кои се во подобра здравствена состојба се пуштени на домашно лекување.



најчитано сега