Струмичките градинари обвинуваат: Заеви заработуваат на грбот на земјоделците!

 

Здруженето на раноградинари од Босилово смета дека извозот на токсичните корнишони го нарушил угледот на македонските земјоделски производи. Здружението на прес-конференција обвини дека зад случајот стои семејството на лидерот на СДСМ Зоран Заев и побара инспекциските служби да утврдат колкава е финансиската штета за државата. 

- Ова е уште една потврда дека овие луѓе не се, ниту ќе бидат соработници и поддржувачи на македонскиот земјодлеец. Битна им е само заработувачката, во нас гледаат можност за остварување профит, како побрзо да дојдат до капитал и уште повеќе да се збогатат, истакна претседателот на Здружебнието Никола Стаменов.

Како што нагласи Ѓорѓи Самандов, раноградинар од Штипско, надлежните институции мора да спроведуваат исклучително строги контроли на производството, увозот и извозот. Двете работи затајуваат, рече, и нелојалната конкуренција особено од Албанија, но и законите зашто ниту еден не забранува земјоделците при производството да не третираат со нездоволзени средства.

- Изминативе денови повеќе корнишони доаѓаат од Албанија отколку што има сопствено производство. Многу фирми купуваат корнишони од Албанија, тука ги препакуваат и ги извезуваат како македонски, посочи Самандов.

17.11.2013 - 14:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега