Ќе може да проверите колку сте потрошиле за парно

 

Балкан енерџи груп (БЕГ) набави лабораторија за испитување мерила на топлинска енергија и течности, единствена од ваков вид во Македонија. Со ова, соопшти компанијата, и граѓаните и фирмите првпат ќе имаат можност да направат проверка на своите броила за парно и вода.

Најголем корисник на лабораторијата вредна 200 илјади евра, се очекува да бидат компаниите кои ги греат скопјани, БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика, Топлификација Скопје Север, како и јавните комунални претпријатија. Преку лабораторијата, корисниците на нивните услуги, граѓани или фирми кои од некоја причина се сомневаат во исправноста на мерилата поставени во нивните домови и комерцијални објекти, лично ќе можат да се уверат во исправноста.

Информации за можностите за соработка со лабараторијата ќе може да се побараат преку е-маил  цонтацтЖбег-дистрибуција.цом.мк и телефон 025514031.

Технички, со опремата која е набавена ќе може да се испитуваат, механички, ултразвучни и електромагнетни водомери за ладна и топла вода, сензори за проток на вода, отпорнички термометри и термометри со течност во стакло, како и компактни и раздвоиви мерила на топлинска енергија.

Новата лабораторија ќе ги намали трошоците за испитување на мерилата на БЕГ и другите компании кои до сега мораа да се испитуваат и калибрираат во странски лабаратории. Тоа ќе придонесе за намалени опративни трошоци

17.11.2013 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега