Се бара најдобриот млад македонски научник
Отворен е Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2013 година, признание што го доделува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
На конкурсот може да се јават сите млади лица до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат, а услов е да имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување да биле објавени во релевантно домашно или меѓународно списание и да имаат своја применетост.
- Преку овој проект се воспостави традиција за избор на најдобар млад научник на годишно ниво, што претставува поттик на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија. Доделувањето на признанието претставува валозирација на заложбата на претседателот Иванов за поддршка на науката, научните установи, младиот научен кадар, како и за изнаоѓање на начини за стимулирање на вложувањата во науката“, вели проф. д-р Атанас Кочов, претседател на Комисијата за доделување на признанието „Најдобар млад научник“.
Апликацијата треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2013 година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија.
Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2013 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа