Тркалезна маса „Како до помалку сообраќајни незгоди со фатални последици“

 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска на тркалезна маса во Скопје ќе едуцира како да се дојде до помалку сообраќајни несреќи на патиштата. На тркалезната маса под мотото „Како до помалку сообраќајни незгоди со фатални последици“ најавено е присуство и на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, претставници на РСБСП, на министерствата за образование и наука и за здравство, Агенција за патишта и на Град Скопје. 

Тркалезната маса треба да резултира со краткорочни и среднорочни мерки кои треба да ги преземат надлежните институции за спречување и сузбивање на сообраќајните незгоди со фатални последици.

Инаку, само во октомври годинава е надмината минатогодишната бројка од 132 загинати за целата година.

16.11.2013 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега