Утре мини геј парада во Скопје

 

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ центарот утре го организираат петтиот Марш на толеранцијата. Стартот е закажан во пет до дванаесет, пред Владата на Република Македонија.

„Под слоганот „Македонија има љубов за сите – Насилството не почнало и нема да заврши со мене!“, овогодинешниот Марш, кој се организира по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата, го посветуваме на правото на живот ослободен од насилство.“ - велат организаторите.

Во реализацијата на овој Марш на толеранција се придружија следните организации: Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, Tiiiit! Inc. – женско движење, Субверзивен фронт – здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста, СТАР – СТАР – Граѓанска инцијатива за промоција и унапредување на правата на сексуалните работници, Terra Floria – здружение за заштита на животната средина, Паркобрани, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилствo, ХОПС – Опции за здрав живот, Анима Мунди – здружение за заштита на животни, НРЦ – Национален Ромски Центар, Civil – Центар за слобода и МОФ – Младински образовен форум.

15.11.2013 - 23:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега