Децата претепани со шипки во автобусот на ЈСП се во стабилна состојба
Младите момчиња кои синоќа биле примени во Ургентниот центар во Скопје по инцидентот во автобусот на ЈСП со број 65, се во стабилна состојба и веќе се пуштени на домашно лекување. Како што дознава Канал 5, 15-годишното девојче кое се нашло во автобусот кога влегла групата насилници и било удрено со метална шипка во главата, за среќа е во стабилна состојба, додека останатите шест деца биле полесно повредени.
За потсетување, синоќа како што дозна Пресс24, во автобус со број 65 десетмина насилници влегле и со шипки во рацете нападнале 8 деца без никаква причина.
Полицијата интензивно трага по сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа