Борусија забрани влез за свој навивач

 

Борусија Дортмунд му забрани на еден свој фан  во следните четири сезони да влезе на стадионот „Сигнал Идуна Парк“. Причината е нацистички поздрав при прослава на гол.

Имено, европскиот и германски вицешампион во минатото коло на свој терен го декласираше Штутгарт со резултат 6:1, а по еден од погодоците, споменатиот навивач се качил на оградата и славел гестикулирајќи со нацистички поздрав.

„Клубот го санкционираше ова лице со четири години забрана за влез на стадионот, а му се заканува и казна затвор“, објавија на официјалната интернет страница „Милионерите“.

 

 

15.11.2013 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега