Намалени цените за паркирање во Центар
Општината Центар ги намали цените на дел од услугите и воведе поволности за користење на паркинзите и катната гаража кај судска палата.
Така, наместо 800 денари за паркирање на трети, четврти и петти кат, сега ќе се наплатува 500 денари, а цената од 1.100 денари за останатите сега ќе изнесува 800 денари, додека картата во катната гаража за еден час изнесува 20 денари. Се воведува и нова надлежност на пајакот, по барање на граѓаните да може да се креваат возила кои блокираат друго возило.
На паркингот кај „Аутомакедонија“ ќе се наплатува паркирање 24 часа. Оваа одлука, вели Саша Богдановиќ, директор на ЈП „ПОЦ“ е предложена и изгласана бидејќи овој паркинг простор е секојдневно узурпиран од диви продавачи на зелениот пазар, со што станарите немаа каде да се паркираат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа