"Ќе ги намалиме казните за прекршоците" - СДСМ ја презентираше новата програма

 

Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов денеска во Виница презентираше нова мерка од програмата на партијата во поглед на смалување на казните за прекршоци. 

- СДСМ спротивно на политиката на оваа Влада, има намера да ги користи казните за прекршоци за почитување на законите, а не како мерка за полнење на буџетот. Казните ќе бидат намалени, преполовени по висина и покрај тоа ќе се користат само при случај на повторено прекршување, а почетокот ќе биде со опомена, рече Узунов.

Тој додаде дека во програмата се содржани и бројни мерки за поддршка на стопанството, за неговата конкурентна способност и развој на малото и средното стопанство.

14.11.2013 - 16:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега