ОМД: Членството во Советот за човекови права - можност за унапредување на правата на Македонците
Обединетата македонска дијаспора смета дека станувајќи една од 47-те членки на Советот за човекови права при Обединетите нации, на Македонија ќе и се отвори одлична можност да работи на унапредувањето на основните човекови права на Македонците кои живеат во соседните земји.
- ОМД е задоволна бидејќи со овој чекор, придонесот на Македонија во полето на заштитата на човековите права беше призната од страна на 177 членки на ООН, се вели во денешното соопштение од ОМД.
Од ОМД истакнуваат дека Македонија одигра клучна улога за време на Косовската војна во 1999 година, со прифаќањето на околу 400.000 косовски бегалци во своите граници. Таа беше домаќин на НАТО центарот на КФОР, и е ангажирана во мировните мисии во Босна и Херцеговина, Дарфур и Либан. Земјата е исто така еден од најголемите придонесувачи во ИСАФ мисијата во Авганистан, додаваат од ОМД.
Со седиште во Женева, Советот за човекови права е тело во рамките на системот на Обединетите нации основано во 2006 година. Претставува наследник на Комисијата за човекови права при Обединетите Нации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа