Пандев се збогуваше со Ангеловски: Шефе, благодарам е малку да ти кажам

 

Капитенот Горан Пандев, македонската фудбалска икона се прости од национоалнит дрес,  а натпреварот против Холандија беше негов последен на кој го носеше македонскиот дрес.

На социјалните мрежи многу познати и јавни личности со пофални зборови му се забкагодарија на Пандев за се што направи, а сега дојде и неговиот ред.

Односно Горан Пандев на инстаграм се прости од селекторот Игор Ангеловски- Мрме кој исто така последен натпревар му беше оној на Холандија и со емотини зборови му искажа благодарност.

„Прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија.

Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Горан Пандев во пораката селекторот Игор Ангеловски.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

24.06.2021 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега