Ристовски: Не сакам Перо Антиќ да биде идол на мојот син, јавна тајна се работите кои ги прави тој

 

Голманот на македонската ракометна репрезентација или министерот за одбрана како што сите го знаеме Борко Ристовски во последно време објавува статуси поврзани со кошаркарот Перо Антиќ.

Имено, Борко Ристовски неколкупати, јавно го искритикува Перо Антиќ, а тој за „Бекстејџ“ ја открива причината за тоа.

Тој вели дека не би сакал Антиќ да му биде идол на неговиот син, a доколу тоа се случи, тој ќе направи се за да го спречи истото.

„Имам и јас мало дете, не сакам да има такви идоли и она што тој го претставува. Мене ми е жал еден голем спортист да дојде до нешто вакво. Од успешениот и голем спортист Перо Антиќ ова не е ниту бледа слика“, кажа Борко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега