Градот на конзулите го прославува 4-ти Ноември

 

Битола денеска го слави празникот на градот 4. Ноември востановен во чест на денот на ослободувањето и далечната 1944 година од кога се навршуваат 69 години слободарска Битола.

Празничните манифестации почнаа викендов со изложби, концерти и традиционалната ноќна атлетска трка која синоќа се одржа на Широк Сокак, а денеска ќе продолжат со прием на претставници на општинската организација на Сојуз на борци-Битола, кој претпладнево го организира градоначалникот Владимир Талески. Предвидено е и градоначалникот на Битола, Владимир Талевски да приреди прием и за претставниците на збратимените градови од Европа, а ќе ја прими донацијата противпожарникарско возило од францускиот град Епинал. 

- Празникот 4. Ноември ќе го прославиме со многу новости и со проекти кои првпат се промовираат во историјата на градот, обезбедуваат нов лик и решенија за долготрајните проблеми. На празникот на градот ќе потсетиме на постигнатото, ќе ги наградиме најдобрите и ќе разговараме за идните планови, посочи градоначалникот Владимир Талески во празничното интервју за МИА.

Централната манифестација ќе се одржи вечер со уметничката програма „За мојата Битола“ во чии рамки ќе бидат врачени наградите за најдобри годишни остварувања во различни сфери кои придонеле за афирмација на градот. Оваа вечер че биде доделена и наградата за животно дело.

04.11.2013 - 09:29
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега