Голем пожар во Тетово - едно лице повредено

Пет пластични бараки изгореле во пожар што избувна доцна попладнево околу 17 часот и 15 минути до Зелениот пазар во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Маријан Јосифовски.

Во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила на Тетовската територијална противпожарна единица и во моментов пожарот е ставен под контрола.

Според првичните информации, едно лице е повредено кога се обидело да влезе во еден од објектите и да го гаси пожарот.

Проценките се дека материјалната штета е голема бидејќи во два објекти биле сместени чајџилница и ќебапчилница, додека другите три не биле отворени.

03.11.2013 - 21:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега