Го претепале со палки - скопјанец во безсознание пренесен на Ургентен

На патот село Побожје-село Бродец, во текот на вчерашниот ден 23-годишниот С.А. од Скопје кој се возел во такси “Форд Фокус“, бил пресретнат од возило “Голф 4“ со црвена боја кое немало регистерски ознаки и од него излегле М.Н и неговите два сина и еден роднина кои со палки го претепале скопјанецот удирајќи го во пределот на главата и телото.

Младото момче од ударите се онесвестило, при што веднаш било пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Причина за нападот било и претходно меѓусебно нетрпение.

03.11.2013 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега